Достапни линкови

Во Сплит паѓаше град со големина на топче за тенис


Сплит
Град со големина на тениско топче паѓаше денеска во период од десет минути во хрватскиот град Сплит.
Поројниот дожд, проследен со грмотевици поплави повеќе улици и го отежна сообраќајот во Сплит.
Дежурните служби ја испумпуваат водата од долните катови и ги отстрануваат паднатите дрва, кои им нанесоа штета на повеќе автомобили.
Поради невремето околу десет авиони слетаа со задоцнување на аеродромот во Сплит.
Врнежите предизвикаа поплави и во област во близина на Шибеник, а беше предизвикан прекин на струјата и на телефонските врски.
XS
SM
MD
LG