Достапни линкови

Соборено американско беспилотно летало во Иран


Постројки за збогатување на ураниум
Припадници на иранската Револуционерната гарда собориле американско беспилотно летало кое шпионирало во градот Ком во близина на нуклеарната централа Форду, јавува иранската државна телевизија. Иран вчера потврди дека инсталирале нова генерација на напредни центрифуги за збогатување на ураниумот во објектот. Во извештајот на државната телевизија на Иран, се наведува дека леталото се обидувало да собере информации за објектот во кој се збогатува ураниумот . Иранската влада и воените официјални лица не се достапни за коментар.
XS
SM
MD
LG