Достапни линкови

Русија-осуден поранешен директор на „Јукос“


поранешниот нафтен магнат Михаил Ходоровски
Поранешниот извршен директор на веќе непостоечката руска нафтена компанија Јукос беше осуден денеска во отсуство. Тој е осуден за кражба на милијарди долари, како и за „перење“ на пари . Судот го осуди Антонио Валдес Гарсија, на осум години затвор, и издаде налог за негово апсење. Валдес Гарсија, има двојно руско и шпанско државјанство, а живее во Шпанија. Мадрид во неколку наврати ги одби руските барањата за екстрадиција. Судот одлучи дека Валдес Гарсија е виновен за кражба на 13 милијарди долари и за „перење“ на 8,5 милијарди долари. Судот веќе осуди неколку поранешни челници на Јукос, меѓу кои и поранешниот нафтен магнат Михаил Ходоровски.
XS
SM
MD
LG