Достапни линкови

Хрватска подготвена за екстрадицијата на Санадер


Иво Санадер
Во Загреб завршија техничките подготовки за екстрадирање на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер од притворот во Австрија, изјави денеска хрватскиот министер за внатрешни работи Томислав Карамарко. Но не се знае кога Санадер ќе биде екстрадиран. Од австриското Министерство за правда, исто така, не сакаат ништо да соопштат околу постапката за екстрадиција, со објаснување дека тоа сега е работа на хрватската страна. Хрватска на 9 декември 2010 година распиша потерница за Санадер, врз основа на која е уапсен во Австрија еден ден подоцна и е сместен во притвор во Салцбург.
XS
SM
MD
LG