Достапни линкови

Судскиот совет избра 13 нови судии


Министерот за правда Михајло Маневски
Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница избра судии за Врховниот суд, за апелациските судови во Скопје и во Битола, како и за основните судови Скопје 1 Скопје, Куманово и Штип. Вчера од опозициската СДСМ обвинија дека итната седница на Судскиот совет е закажана за тајно да се направи избор на нови судии, и тоа во време на летни одмори. Mинистерот за правда Михајло Маневски изјави дека Судскиот совет е во постојано заседание, и не е точно дека е свикан специјално за време на годишен одмор.
XS
SM
MD
LG