Достапни линкови

Собранието ги усвои измените на Законот за знамињата на заедниците


собрание дебата
Собранието денеска по скратена постапка ги донесе измените на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Македонија. Иницијативата за измените на Законот ja поднесоа пратеници на ДУИ. За измените гласаа 63 пратеници, 40 беа против, а воздржани немаше. Од присутните 22 припадници на помалите етнички заедници согласно бадентеровиот принцип на гласање, за гласаа 17, а 5 беа против. Измените на Законот за употреба на знамињата на заедниците предвидуваат локалните самоуправи, во кои над 50 отсто од населението се припадници на заедницата, да може го истакнуваат нивното знаме заедно со државното на објектите од јавен и локален карактер. Се предвидува, исто така, државното знаме да биде една третина поголемо од другите знамиња. Знаме на заедницата ќе се истакнува при официјална посета на висок претставник на меѓународната заедница и во денови на одржување манифестации од локален и меѓународен карактер.
XS
SM
MD
LG