Достапни линкови

Кина ја осуди средбата на Обама со Далај Лама


Далај Лама и Барак Обама
Кина денеска го обвини американскиот претседател Барак Обама дека се мешал во внатрешните работи на Кина. Ваквите коментари доаѓаат по средбата на Обама со тибетскиот духовен лидер Далај Лама. Од кинеското Министерството за надворешни работи велат дека упатиле протесно писмо и до Вашингтон и до американската амбасада во Пекинг. Портпаролот на министерството изјави дека со средбата со Далеј Лама, Обама сериозно се вмешал во внатрешните работи на Кина, ги повредил чувствата на кинескиот народ и им наштетил на кинеско-американските односи.
XS
SM
MD
LG