Достапни линкови

Турската полиција уапси 15 членови на Ал Каеда


Истанбул
Турската полиција во изминатите два дена уапси 15 осомничени членови на терористичката организација Ал Каеда во Турција, меѓу кои и едно лице кое подготвувало напад, соопшти денеска турското Министерство за внатрешни работи. Членот на Ал Каеда, кој подготвувал напад е уапсен во понеделникот во Анкара, при што се запленети големо количество оружје, како и документи кои и припаѓале на организацијата, се наведува во соопштението. Според турските власти, локалната ќелија на Ал Каеда е одговорна за нападите извршени во Истанбул во ноември 2003 година во кои загинаа 63 лица, меѓу кои и британскиот амбасадор.
XS
SM
MD
LG