Достапни линкови

Шешељ ќе се изјасни по обвинението за непочитување на судот


Воислав Шешељ
Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ денеска пред Хашкиот трибунал ќе се изјасни по третото обвинение за непочитување на судот. Имено, Шешељ е обвинет затоа што го отфрлил судскиот налог- од неговата интернет страница да ги отстрани документите во кои се открива идентитетот на заштитените сведоци од главниот процес што се води против лидерот на радикалите, по обвинението за злосторства во Хрватска, Војводина и во БиХ од 1991 до 1993 година.
XS
SM
MD
LG