Достапни линкови

ОБСЕ бара Белорусија да ги ослободи демонстрантите


Протести во Белорусија
Од Организацијата за безбедност и соработка во Европа побараа денеска Белорусија да запре со лошото однесување кон противниците на претседателот Александар Лукашенко. Во соопштението, се повикуваат властите во Белорусија да ги ослободат уапсените демонстранти , и понатаму да се воздржат од користењето на насилството против мирните граѓани кои протестираат. Лукашенко започна остри мерки против опозицијата по масовните протести поради неговиот реизбор во декември. Групите за човекови права велат дека најмалку 140 луѓе се осудени по новиот бран на масовни апсења по протестите низ Белорусија во неделата . Демонстрантите беа осудени на затворска казна од 2 до 15 дена или на парични казни.
XS
SM
MD
LG