Достапни линкови

Во Прага средба Никола Груевски- Џорџ Сорос


Македонија ќе претседава со Декадата на Ромите
Македонија денеска го презеде од Чешка претседавањето со Декадата на Ромите. Предавањето на претседателството со Декадата на Ромите е во рамки на 20. заседание на Меѓународниот управен комитет што денеска и утре се одржува во Прага. На заседанието премиерот Никола Груевски, претседателот на фондацијата „Отворено општество“ Џорџ Сорос и претставници на Европската комисија и на Светската банка, . „Декадата на Ромите“ со која во наредната година ќе претседава Македонија, е проект на Светската банка, што го имаат прифатено 12 земји, а има за цел до 2015 година да се подобри животот на ромската заедница и да придонесе за нејзина интеграција.
XS
SM
MD
LG