Достапни линкови

Судот во Хаг издадена потерница за апсење на Гадафи


Моамер Гадафи
Меѓународниот суд во Хаг издаде налог за апсење на либискиот лидер Моамер Гадафи, јавуваат новинските агенции.Освен за него издадена е потерница и за неговиот син Сеиф ал Ислам и за шефот на разузнавачката служба Абдулах ал Санусиј поради злосторства против човештвото. Судиите соопштуваат дека Гадафи се бара за организирање убиства, апсења и повредувања на стотици цивили за време на првите 12 дена од протестите на кои се бараше негово симнување од власт. Обвинет е и за обид за криење на злоделата. Советот за безбедност на 26 февруари нареди да се истражат злосторствата во Либија, а потоа се отвори и истрага.
XS
SM
MD
LG