Достапни линкови

Русија го осуди агентот Потејев за предаство и дезертирање


Авионот со кој беа транспортирани руските шпиони
Воениот суд во Москва го осуди во отсуство поранешниот агент на разузнавачката служба Александр Потејев, за предаствo на 10-те руски шпиони кои беа протерани од САД минатата година. Потејев беше осуден за предаство и дезертирање. Обвинителите побараа 25 години казна затвор. Се претпоставува дека Потејев е во Соединетите држави. Тој исчезна од Русија само неколку денови пред да бидат фатени шпионите во САД, минатата година во јуни.
Вашингтон направи размена на 10- те руски шпиони за четворица Руси осудени за шпионирање во корист на Западот.
XS
SM
MD
LG