Достапни линкови

Палестинците во септември ќе бараат признавање на независна држава


Појасот Газа
Палестинците во септември планираат да ги интензивиераат напорите за добивање на признание на независна држава на територијата на појасот Газа и источен Ерусалим од Обединетите нации. Во неделата лидерството на Палестинската ослободителна организација го усвои предлогот. Аналитичари тврдат дека позитивниот исход од ваквите напори би претставувал голема победа за Палестинците, но забележуваат дека само Советот за безбедност при Обединетите нации може да одлучи за прием на нова држава во меѓународната организација. Американската влада, од друга страна, на неколку наврати изрази противење на ваквиот потег на Палестинците.
XS
SM
MD
LG