Достапни линкови

Фински туристи спасени од невреме на Преспанското Езеро


Преспанско Езеро
Десет луѓе од кои осумина државјани на Финска, ноќеска биле спасени од ресенската полиција, откако ги зафатило силно невреме во водите на Преспанското Езеро. Финските државјани со два метални чамци биле на прошетка на островот и при враќање ги фатило големо невреме поради што не можеле да се вратат назад и побарале помош од полицијата. Луѓето биле евакуирани ноќеска околу 2:40 часот.
XS
SM
MD
LG