Достапни линкови

Бен Али осуден на 35 години затвор


Тунижани го следат судењето на соборениот туниски претседател Бен Али.
Соборениот туниски претседател Зин ел Абедин Бен Али, во отсуство, е осуден на 35-години затвор во Тунис, за кражба, корупција, шверц на дрога и други обвинувања. Тој и неговата сопруга треба да платат казна од 66 милиони долари. Неговиот адвокат од Париз соопшти дека Бен Али ги смета обвинувањата против него и против неговата сопруга за „правно ненормални, но политички опортуни“. Бен Али и сопругата пребегаа во Саудиска Арабија по немирите што избија во Тунис во јануари годинава.
XS
SM
MD
LG