Достапни линкови

Над 80 проценти од Јапонците против употреба на нуклеарна енергија


Полицајци во заштитни одела во близина на Фукошима
Повеќе од 80 проценти од Јапонците сакаат во нивната земја да не се користи нуклеарната енергија , по хаваријата што се случи во Фукошима, покажала една анкета, јавуваат јапонските медиуми. Една третина од енергијата во Јапонија потекнува од нуклеарната енергија. Јапонскиот премеир Наото Кан изјави дека нуклеарната енергија и понатаму ќе остане главен енергетски столб. Земјотресот со јачина од 9 степени и цунамито што уследи потоа предизивикаа оштетувања на Фукошима, што преставува најтешка нуклеарна катастрофа во светот по онаа во Чернобил пред 25 години. Во катастрофата беа оштетени 4 од 6-те реактори на Фукошима.
XS
SM
MD
LG