Достапни линкови

Италијанците на референдум за имунитетот на политичарите


Италијанскиот премиер Силвио Берлускони
Италијанците денеска и утре на референдум ќе се изјаснат за нуклеарната програма, за укинување на имунитетот на функционерите,и за приватизацијата на секторот за водоснабдување. Италијанската влада планира да ја реактивира нуклеарната програма до 2014-та, но тоа зависи од вољата на граѓаните кое ќе гласаат на овој референдум. Тие треба да се изјаснат и за Законот за имунитет на министрите. Законот е донесен во 2008-та по реизборот на Силвио Берлускони против кого во моментот се водат три судски процеси.Според законот функционерите не мора да се појавуваат на суд и се повикуваат на политичкиот имунитет.
За успех на референдумот потребно е да излезат 51 процент од населението, што во Италија за последен пат се случило во 1995-та година.
XS
SM
MD
LG