Достапни линкови

Казахстан да не екстрадира затворници во Узбекистан


Протести против тортура во Узбекистан
Меѓународните организации за човекови права побараа од Казахстан да не екстрадира 32 затвореници во Узбекистан. Активистите велат дека таму постојат реални шанси затворениците да бидат подложени на тортура. Затворениците се приведени минатата година, а во Узбекистан се бараат за религиозен екстремизам. Активистот за човекови права Стив Шердлов од Узбекистан вели дека не е тајна дека тортурата е дел од ситемот во Узбекистан. Според него Владата на Казахстан има апсолутна обврска да не ги враќа затворениците бидејќи тие ќе се соочат со маки.
XS
SM
MD
LG