Достапни линкови

Клинтон ја повтори загриженоста за состојбите во Сирија


Хилари Клинтот загрижена за состојбите во Сирија
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ја повтори загриженост за тоа како сирискиот режим се справува со демонстрантите. Таа изјави дека Вашингтон е длабоко загрижен и по извештаите дека во земјата се прекинати интернет врските. Очевидци велат дека интернет врските биле прекинати во Дамаск и во градот Латакија, а според една американска фирма за интернет мониторинг, две-третини од интернет мрежата во Сирија е прекината. Организациите за човекови права велат дека повеќе од 1.200 луѓе биле убиени за време на протестите против режимот на претседателот Башар ал Асад , од средината на март па досега.
XS
SM
MD
LG