Достапни линкови

Судот во Србија ја одби жалбата на Ратко Младиќ


Одбиена жалбата на Ратко Младиќ
Судот во Србија денеска ја одби жалбата на Ратко Младиќ, за неговата екстрадиција во Хашкиот трибунал. Српскиот обвинител за воени злосторства Бруно Векариќ изјави дека Младиќ ќе биде испорачан во Хаг што е можно поскоро. Датумот кога Младиќ ќе биде екстрадиран зависи од тоа колку брзо министерот за правда ќе го потпише решенето за испорачување, но се очекува тоа да биде направено набрзо.
XS
SM
MD
LG