Достапни линкови

Почна кампањата за шеф на ММФ


Француската министерка за финансиии Кристин Лагард
Француската министерка за финансиии Кристин Лагард го посети Бразил како дел од кампањата за шефовското место во Меѓународниот монетарен фонд. Таа во својот говор изјави дека ако стане новиот шеф на ММФ ќе ги врати реформите кои му дадат на Бразил и другите економски сили да имаат поголемо влијание во оваа институција.
Бразилскиот министер за финансии Гуидо Мантега изјави дека Бразил се уште не одлучил кого ќе поддржи за нов шеф на ММФ. Тој неделава треба да се сретне и со ривалот на Лагард, шефот на мексисканската Централна банка Агустин Карстерас.
ММФ остана без шеф по обвинувањата на сега поранешниот директор Доминмик Строс Кан за сексуално злоставување.
XS
SM
MD
LG