Достапни линкови

Расте бројот на жртви од торнадото во Џоплин


Џоплин по катастрофата
Бројот на жртви од торнадото кое пред еднa недела го погоди америкaнскиот град Џоплин се искачи на 139, соопштија денеска официјалните власти. Шест дена по несреќата, спасувачките екипи се уште трагаат за преживеани луѓе под урнатините. На листата на исчезнати се наоѓаат повеќе од 100 луѓе. Планирано е американскиот претседател Барак Обама утре да присуствува на комеморацијата за жртвите во Џоплин.
XS
SM
MD
LG