Достапни линкови

Тенисерите не обезбедија повисок ранг


Илустрација
Илустрација

Македонската тениска репрезентација и наредната година ќе се натпреварува во Третата Евро-Африканска зона од Дејвис купот.

Ова е епилогот по минатонеделниот турнир на терените на ТК Југ, каде што иако беше домаќин, Македонија не успеа да се пласира во повисок ранг. Пресуден за продолжување на неуспешната серија, која трае веќе трета сезона, беше поразот од Турција, по кој останавме во најслабата европска конкуренција.
Ние мора да се обидеме да ја оформиме новата генерација, да споиме двајца добри млади тенисери кои идните години можеби ќе успеат да се вратат во втората група.


Која е причината за оваа болна вистина?
Според селекторот Дејан Маринковиќ, кој не бега од својата одговорност, најголем проблем е слабиот квалитет на нашите тенисери. Кариерите на најзаслужните за тоа што само до пред две години игравме во вториот светски ранг, односно Првата Евро-Африканска зона, Русевски и Магдинчев, се на залез, а солидни замени нема.

„Ние мора да се обидеме да ја оформиме новата генерација, да споиме двајца добри млади тенисери кои идните години можеби ќе успеат да се вратат во втората група“, изјави Маринковиќ.

Тој е убеден дека Јотовски, Деари и Мицов имаат потенцијал за повисоки дострели. Но, и не крие дека барем во овој момент нема простор за голем оптимизам.
Иако беа големи и солидни таленти, неколку години се вратат околу 1300-та позиција и секако ако останат на ова ниво нема да биде лесно да се вратат во втора група.

„Иако беа големи и солидни таленти, неколку години се вратат околу 1300-та позиција и секако ако останат на ова ниво нема да биде лесно да се вратат во втора група. Ќе мора да постигнат повисоко ранг место, да кажеме да дојдат до 600 или 800-тото место и тоа ќе биде еден знак дека поседуваат квалитет и дека може да се смета на тоа да се качат повисоко ранг место.“

Кормиларот на нашата тениска репрезентација очекува поддршка и од Федерацијата. Но, поради тоа што тенисот е индивидуален спорт, потенцира дека главниот товар мора да го понесат играчите.

„Федерацијата може да помогне да се организираат два-три турнири, со одредени спонзорства да помогне, меѓутоа тоа не е доволно. Тие мора да играат 25 турнири годишно, значи тие мора да постигнуваат резултати и тренерско-натпреварувачкиот процес мора да биде на врвно ниво, да направат поголем исчекор и да го поднесат тој товар“, истакна на крајот Дејан Маринковиќ.
XS
SM
MD
LG