Достапни линкови

Кучи: За иднината на Косово одлучуваат косовските граѓани, а не Србија


Хајредин Кучи
Косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи изјави дека српските власти не се тие што одлучуваат дали Косово ќе биде поделено, туку косовските граѓани во соработка со Европската унија и САД. Реакцијата на Кучи следи по неодамнешната изјава на српскиот вицепремиер Ивица Дачиќ дека идејата за поделба на Косово е единственото реално решение. Сепак, Кучи рече дека не сака да ги коментира изјавите на некои српски политичари. „Нека се состане српската Влада, нека ги усогласи своите позиции и нека ми каже и на нас и на светот што сака“ изјави вицепремиерот за приштинскиот весник „Коха диторе“.
XS
SM
MD
LG