Достапни линкови

ДИК нема да врши истрага за предизборни притисоци


Со мнозинство гласови Државната изборна комисија по подолга расправа, заклучи дека не може да врши истрага во врска со случајот со наводните притисоци врз вработени во јавната администрација и оти тоа може да го направи само Јавното обвинителство и МВР. Заклучоците следуваат по расправата во врска со доставените списоци од А1 телевизија за наводните притисоци врз државната администрација од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Претходно, ДИК не ги прифати заклучоците на претседателот Борис Кондарко, кој предлагаше Комисијата веднаш да ги провери сите имиња од списоците и да утврди дали некои од тие личности се во составот на изборните органи, за што потоа ќе го извести Јавното обвинителство.
XS
SM
MD
LG