Достапни линкови

Конечни подготовки за Зимските олимписки игри во Сочи


Концепт: Маскотата на Олимписките игри во Сочи
Русија денеска почна со одбројување на 1.000 дена од почетокот на Зимските олимписки игри во Сочи. Локалните власти во градот во близина на Црното море денеска пуштија во употреба часовник во форма на планина, кој ќе го одбројува времето до официјалното отворање на настанот. „Ова значи дека почнавме со конечните подготовки за Олимписките игри“ рече градоначалникот на Сочи Анатоли Пахомов. Станува збор за еден од најзначајните спортски настани во Русија од распадот на Советскиот сојуз во 1991 година.
XS
SM
MD
LG