Достапни линкови

Премиерот на Јапонија привремено се откажа од платата


Наото Кан
Премиерот на Јапонија Наото Кан изјави дека ќе се откаже од својата премиерска плата се` додека не се донесе под контрола оштетената нуклеарка во Фукушима. Од кабинетот на лидерот потврдија дека Кан ќе се откаже од својата плата во износ од 20.000 американски долари месечно, но ќе ја задржи пратеничката плата која изнесува 10.000 долари. Цунами брановите предизвикани од земјотресот на 11 март ја предизвикаа најголемата нуклеарна катастрофа во светот во изминативе 25 години, по Чернобил.
XS
SM
MD
LG