Достапни линкови

Папандреу реагира на извештаите дека Грција ќе ја напушти еврозоната


Јоргос Папандреу
Грчкиот премиер Јоргос Папандреу ги нарече провокација извештаите дека Грција е подготвена да ја напушти еврозоната и побара владата да биде оставена да си ја врши работата. Реакцијата на Папандреу следи по извештајот на германскиот весник „Дер Шпигел“ кој, повикувајки се на информирани извори од германската влада, пишува дека Грција барала реструктурирање на долгот и во спротивно се заканувала со напуштање на еврозоната. Вредноста на еврото забележа пад во однос на американскиот долар по објавувањето на извештајот.
XS
SM
MD
LG