Достапни линкови

Вооружен напад на куќа на авганистански службеник


од последните инциденти во Кандахар, пред неколку дена
Вооружени напаѓачи во Авганистан ја нападнаа куќата на гувернерот на провинцијата Кандахар денеска. Новинската агенција „Асошиејтед Прес“ јави дека истрели се слушале околу објектот околу пладне. Медиумите јавуваат дека се слушнале и две големи експлозии. Претставник на локалните власти изјави дека инцидентот се уште е во тек, но дека напаѓачите се тешко повредени. За сега не е јасно дали вооружените лица успеале да влезат во куќата. Талибанските милитанти ја превземаа одговорноста за нападот.
XS
SM
MD
LG