Достапни линкови

Насилства пред локалните избори во Албанија


Градоначалникот на Тирана Еди Рама
Во експлозија во североисточниот дел на Албанија бил ранет кандидатот за претседател на општина Кукеш Астрит Ценгу, а неговиот автомобил бил уништен, соопшти полицијата. Кампањата која трае еден месец пред изборите на 8 мај беше проследена со насилства во кои беа претепани неколкумина кандидати, а имаше и експлозии на подметнати бомби. В недела ќе се избира и граданочалник на Тирана на кој лидерот на опозиционите социјалисти и актуелен градночалник Еди Рама ќе се обиде да освои уште еден мандат. Главен ривал му е екс министерот за внатрешни работи Љуљзим Баша.
XS
SM
MD
LG