Достапни линкови

Франција најави финансиска помош за Либија


од состанокот на Контакт групата во Рим
Франција денеска соопшти дека фонд за помош на Либија би требало да стане оиперационален за неколку недели. Министерот за надворешни работи Алан Жупе ја даде најавата на состанокот на Контакт групата за Либија во Рим. Средбата во главниот град на Италија се случува во екот на конфликтот во северноафриканската земја во кој до сега загинаа 10,000 лица, согласно проценките на бунтовниците кои му се спротиставуваат на лидерот Муамар Гадафи. Седумнеделната операција која ја предводи НАТО до сега не успеа да ги спречи нападите на лојалистите на Гадафи. Контакт групата беше формирана во Катар минатиот месец.
XS
SM
MD
LG