Достапни линкови

Затворен опозициски активист во Азербејџан поради повик за протести


Од последните протести во Баку во Март, организирани преку „Фејсбук“
Млад опозициски активист во Азербејџан доби казна затвор во времетраење од две и пол години под обвиненија за поседување дрога, откако преку социјалната мрежа „Фејсбук“ повика на протести. Дваесет годишникот Јабар Савалан беше осуден поради наводно поседување на опиум откако на социјалниот сајт повика на организирање на „ден на бес“, протест сличен на немирите во арапскиот свет. Меѓународната организација „Амнести Интернешнл“ ги прозва азербејџанските власти за малтретирање на интернет активистите.
XS
SM
MD
LG