Достапни линкови

Бин Ладен не бил вооружен кога беше убиен


Џеј Карни
Водачот на Ал Каида Осама Бин Ладен не бил вооружен кога во куќата во која се наоѓал во Пакистан упаднала единицата на специјалните сили на американската војска, соопшти синоќа Белата Куќа. Портпаролот Џеј Карни изјави дека Бин Ладен немал оружје, иако претходно официјални лица тврдеа дека тој пружал отпор. Портпаролот објасни дека пружањето отпор не подразбира само носење огнено оружје. Тој прецизира дека жената која се наоѓала во собата со Бин Ладен се противставила на американските војници и оти била погодена со огнено оружје, но не била убиена.
XS
SM
MD
LG