Достапни линкови

Хашкиот суд со пресуда за Шешељ на 4 мај


Воислав Шешељ пред Хашкиот суд за воени злосторства
Хашкиот суд за воени злосторства соопшти дека ќе ја објави пресудата за претседателот на Српската радикална партија Воислав Шешељ на 4 мај. Шешељ е обвинет за разгорување меѓунационална омраза и поттикнување злосторства против несрпското население во Хрватска, Босна и во српската област Војводина во периодот од 1991 до 1993 година. Тој тврди дека е невин и побара 10 милиони евра отштета за тоа што веќе осум години е во притвор.
XS
SM
MD
LG