Достапни линкови

Министерството за финансии зачудено од нервозната реакција на политички партии


Министерот за финансии Зоран Ставрески
Повлекувањето на средствата од ММФ, заедно со еврообврзницата и домашното задолжување, беше една од можните опции за затвoрање на финансиската конструкција за 2011 година уште при донесувањето на Буџетот за 2011 година, реагираат од Министерството за финансии на забелешките на повеќе политички во Македонија. Од таму зачудува нервозната реакција на неколку политички партии кои очигледно, или не го познаваат или не го разбираат буџетскиот процес или коментираат од дневно-политички потреби, се дополнува во соопштението, кое следи по вчерашната одлука за повлелување пари од кредитната линија на ММФ, поради изборите. Оваа одлука на владата значи дека таа нема доволно пари за финансирање на буџетските обврски, што пак ја доведува во прашање и исплатата на редовните расходи за плати на администрацијата, реагираа денеска од опозицијата.
XS
SM
MD
LG