Достапни линкови

Јеменскиот Парламент дискутира предлог за прогласување на вонредна состојба


од протестите во Сана
Пратениците во јеменскиот Парламент денеска расправаат за закон со кој би се овластило прогласувањето на вонредна состојба во земјата по протестите на анти-владините демонстранти кои избиваат веќе седум недели. За да се усвои за законот треба да гласаат мнозинството од 301 пратеник во законодавниот дом. Претседателот Али Абдула Салех, кој е на власт повеќе од три децении, најави прогласување на вонредна состојба минатата недела, кога 52 демонстранти беа застрелани од лојалистите на актуелниот режим во главниот град Сана. Опозициските групи, пак, повикуваат на организирање на марш пред претседателската палата.
XS
SM
MD
LG