Достапни линкови

Погребани 28 политички активисти во Јемен


од протестите во Сана
Масовен собир се одржа денеска во главниот град на Јемен за погребалните церемонии на политички активисти кои беа меѓу педесетмината демонстранти застрелани од снајперисти за време на демонстрациите во Сана. Најмалкку 28 жртви беа погребани денеска под надзор на безбедносните сили. Немири во Јемен избиваат во изминативе месец дена во знак на незадоволство од владеењето на претседателот Али Абдула Салех, чиј неколкудецениски мандат истекува во 2013 година. Лидерот денеска прогласи ден на жалост, обвинувајки ја опозицијата во земјата за настанатите немири и човечките жртви.
XS
SM
MD
LG