Достапни линкови

Романската влада преживеа петто гласање за недоверба


Романскиот премиер Емил Бок
Владата на романскиот премиер Емил Бок синоќа го преживеа петтото гласање за недоверба за помалку од една година. На гласањето на заедничката седница на двата дома на Парламентот, Владата на премиерот Бок доби поддршка од 212 од вкупно 471 присутен пратеник, четири гласаа против, а останатите не гласаа. Бок ризикуваше гласање на недоверба по петти пат поради новиот закон за труд, кој има за цел да го направи пазарот на трудот пофлексибилен, да го ограничи влијанието на синдикатите, како и да го олесни вработувањето и отпуштањето од работа.
XS
SM
MD
LG