Достапни линкови

ЕУ загрижена поради политичката криза во БиХ


Кетрин Ештон
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон и еврокомесарот за проширување Штефан Филе изразија огромна загриженост поради немањето напредок во формирањето влада во Босна и Херцеговина и поради ситуацијата во земјата. Лидерите на БиХ мора итно да ги надминат своите разлики, истакнаа Ештон и Филе во заедничкото соопштение. БиХ не може веќе да си дозволи да троши време. Политичките лидери мораат итно да започнат реформи поврзани со приближување кон ЕУ, доколку сакаат државата да напредува на патот кон евроинтеграциите, нагласуваат Ештон и Филе.
XS
SM
MD
LG