Достапни линкови

Хакерски напад на сајтот на хрватската Влада


Од протестите
Сајтот на хрватската Влада на Интернет синоќа беше нападнат од хакери, но проблемот брзо беше отстранет, пишува хрватскиот весник „Нови лист“, повикувајќи се на извори од владата. Хакерскиот напад временски се совпадна со антивладините протести во многу градови, организирани преку „Фејсбук“, и се претпоставува дека тоа е едноставно една поразлична форма на изразување на незадоволството кон владата.
„Нови лист“ пишува дека нападот очигледно не е дело на најпознатата хакерска група „Анонимус“, а информациите на сајтот не биле доведени во опасност.
XS
SM
MD
LG