Достапни линкови

Јапонија побара помош од Обединетите нации за санирање на нуклеарките


Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија при ООН Јукија Амано
Јапонија поднела барање до Обединетите нации за испраќање на експертски тим за помош во справувањето со штетите во нуклеарните централи, предизвикани од земјотресот и цунами брановите. Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија при ООН Јукија Амано потврди дека во тек се дискусиите за барањето. Јапонската Влада го поднесе барањето откако денеска настана втора експлозија во нуклеарната централа во Фукушима, каде веќе трите реактори имаат проблеми со системот за ладење. Недостигот на вода во системот ги остави соголени ураниумските прачки. Прегревањето на реакторите би предизвикало катастрофални последици по животната средина и здравјето на луѓето. Границата за евакуација е зголемена на 20 километри од нуклеарката во Фукушима.
XS
SM
MD
LG