Достапни линкови

Најавени нови протести во Албанија


од вчерашните протести на албанските жени во Тирана
Главната опозициска Социјалистичка партија во Албанија најави нови демонстрации за следната недела. Вчера попладне голем број жени, поддржани од пратениците социјалисти, протестираа пред зградата на владата, изразувајќи незадоволство од незавидната положба во која се наоѓаат. Истовремено, на 200 метри од местото на протестите, албанскиот премиер Сали Бериша се среќаваше со жени за да им го честита Осми март. Најновиот бран протести започна по емитувањето на видео снимката на која се гледа како албанскиот вицепремиер Илир Мета се обидува да намести еден голем бизнис со поткуп од 700.000 евра. Иако ја отфрли автентичноста на снимката, Мета во меѓувреме поденсе оставка и против него е покрената истрага. Опозицијата бара распуштање на Владата поради наводна вмешаност во корупција и организиран криминал.
XS
SM
MD
LG