Достапни линкови

Бунтовниците во Либија бараат затворање на воздушниот простор


повреден либијски бунтовник од градот Рас Лануф
Бунтовниците во Либија денеска испратија апел до меѓународната заедница за воведување забрана на надлетување на либијскиот воздушен простор, со цел да се стави крај на воздушните напади на лидерот Муамар Гадафи. Лидерите на бунтовниците во градот Бангази во источниот дел на земјата изјавија дека ги насочугваат нивните дипломатски напори кон затворање на воздушниот простор над северноафриканската земја. Од друга страна, во говор кој го пренесе државната телевизија, Муамар Гадафи изјави дека народот во Либија ќе земе оружје во раце доколку се донесе таква одлука. Според одредени проценки, повеќе од 1,000 луѓе загинале од почетокот на немирите во Либија.
XS
SM
MD
LG