Достапни линкови

Американскиот потпретседател Бајден пристигна во Москва


Бајден на аеродромот близу Москва
Американскиот потпретседател Џо Бајден пристигна во Москва на разговори за подобрување на билатералните односи меѓу двете земји. Разговорите се очекува да се фокусираат на соработката во полето на ракетна одбрана и руските напори за приклучување кон Светската трговска организација. Дискусиите исто така може да се фокусираат и на состојбите во Либија, и се очекува презентирање на руските аргументи против странска воена интервенција во северноафриканската земја. Бајден утре ќе се сретне со рускиот претседател Димитриј Медведев и премиерот Владимир Путин.
XS
SM
MD
LG