Достапни линкови

Иванов повика на одговорно однесување на изборите


Претседателот Ѓоге Иванов
Сметам дека на изборите сите мораме да се однесуваме одговорно бидејќи тоа е период кога граѓаните го даваат својот глас, изјави денеска во Боговиње македонскиот претседател Ѓорге Иванов, коментирајќи ја можноста за предвремени избори. Во однос на евентуалниот бојкот на опозицијата, Иванов со став дека сите треба да учествуваат на избори и повторно апелираше за одговорно однесување на политичките актери бидејќи, како што рече, „во последно време лица со помрачени умови продуцираат мрачни сценарија за изборите“. Во врска со пописот и неговото можно одложување, Иванов рече дека доколку биде донесена одлука за предвремени избори, одлуката за одложување на пописот треба да биде донесена од надлежните органи.
XS
SM
MD
LG