Достапни линкови

Странците се евакуираат од Либија


Луѓе чекаат да бидат евакуирани од аеродромот во Триполи
Илјадници странски држајвани продолжуваат да ја напуштат Либија, откако се интензивираа насилствата во земјата. Демонстрантите, кои бараат заминување на либискиот лидер Моамер Гадафи контролираат повеќе области во источниот дел на Либија, а силите на Гадафи се борат да ја задржат контролата над главниот град Триполи и западните региони.

Странските земји, во меѓувреме, продолжуваат да ги евакуираат своите граѓани од Либија. Турските власти велат дека ја спроведуваат најголемата евакуација во својата историја. Турција евакуира 25 илјади турски работници кои работат во Либија, а Европската унија соопшти дека нејзините земји-членки

преземаат чекори да се евакуираат околу 10 илјади граѓани на ЕУ. Кина, Индија и САД, исто така, се обидуваат да евакуираат илјадници нивни државјани.
XS
SM
MD
LG