Достапни линкови

Совет за безбедност: итен прекин на насилствата во Либија


Седница на Советот за безбедност на ОН
Советот за безбедност на ОН доцна синоќа побара итен прекин на насилствата во Либија и ја осуди репресијата на режимот на Моамер ел Гадафи врз демонстрантите, кои бараат негова оставка. Амбасадорката на Бразил во Советот Марија Виоти, чија земја е претседавач на ова тело, изјави дека 15-те земји членки ја осудиле употребата на сила против граѓаните и изразиле жалење поради смртта на стотици цивили. Таа додаде дека е побарано насилствата веднаш да прекинат и да се преземат мерки за да се одговори на легитимните барања на народот.
XS
SM
MD
LG