Достапни линкови

Нафтата поскапува поради кризата во Либија


Логото на ОПЕК
Цените на нафтата на светските берзи го достигнаа највисокото ниво во последните две години поради кризата во Либија, една од земјите членки на ОПЕК. Иако мал дел од производството на нафта во оваа земја е погоден од немирите, сепак аналитичарите страхуваат дека протестите ќе се прошират и во други земји членки на Организацијата на држави извознички. На њујоршката берза цената порасна за околу 5 долари и сега барел нафта чини 95,42 долари, што е највисока вредност од октомври 2008 година.
XS
SM
MD
LG