Достапни линкови

Српскиот Парламент ги прифати оставките на тројца министри


Српскиот премиер Мирко Цветковиќ
Српскиот Парламент денеска ги прифати оставките на тројцата припадници на партијата Г17 плус. Вицепремиерот и министер за економија Млаѓан Динкиќ и министерката за националниот инвестициски план поднесоа оставки на 16 февруари, а министерот за здравство Томица Милосавлевиќ поради лични причини се откажа од функцијата на крајот на јануари. Според законот премиерот Мирко Цветковиќ треба во рок од 15 дена да ги претстави имињата на новите министри во Парламентот.
XS
SM
MD
LG